НЕДОСТАТОК НА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ, А ТАА СО ДЕНОВИ ГО РАЗЛАДУВА АСФАЛТОТ

јули 13, 2026
0 минути

Во овие горештини се почесто го слушаме апелот да се штеди водата бидејќи во некои повисоки зони таа им недостасува на жителите на Кочани.

За разлика од тие објави еве најнова дека водата веќе десетина дена го разладува асфалтот на улицава „Димитар Влахов“ спроти блок „А“.

Убаво се гледа дека таа си го нашла патот да излезе на површината иако последниот ден од месец Март на ова исто место се беше појавил истиот проблем а екипи од КЈП „Водовод“ ја санираа штетата и го покрија со асфалт тој дел.

Која е причината за повторниот дефект треба да утврдат екипи од комуналното претпријатие, да дојдат убаво да го детектираат проблемот и да го отстранат.

Се надеваме на брза реакција.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ