СПРОВЕДЕНА ВТОРАТА ФАЗА ОД АВИОТРЕТИРАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО КОЧАНСКО

јули 13, 2026
0 минути

На 12 јули, во раните утрински часови, стручни екипи ја спроведоа втората фаза од авиотретирањето против комарци во Кочанско.

Со авионската дезинсекција беа опфатени 1 200 ха, површини во градското подрачје на Кочани и низински села што припаѓаат на територијата на Општина Кочани.

Прскањето против комарци се вршеше со широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.

Активноста претставува превентивна општа противепидемиска мерка којашто се реализира согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а според Програмата за заштита на населението од заразни болести на Општина Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ