Во рамките на 11-тото коло во Прваата Фудбалска Лига за жени, денес екипата на „Речица“ по втор пат годинава го совлада „Кочани“, овој пат 6:1 (1:0).
Домаќинките резултатот го отворија во раната фаза од играта. Се играше 7’ кога Антевска ги доведе домаќинките во водство и тоа се покажа како единствен погодок во првото полувреме. Во вториот дел ефикасна игра за девојчињата на „Речица“ постигнаа уште пет погодока преку Митковска 50’52’60’83’ и Петковска 67’ а кочанчанки го ублажија поразот со погодокот на Милеска во 74’. Младата екипа на „Кочани“ и понатака е на последното место на табелата, но доколку и следното првенство сакаат да играат во најелитната лига за жени ќе треба на полусезоната да ги засилат своите редови со неколку добри играчи бидејќи овие девојчиња се покажа дека се неискусни и доста млади за оваа конкуренција.
Дерби натпреварот „Љуботен“ – „Каменица Саса“ беше решен во 88’ кога Марковска им донесе златни бодови на тетовчанки.
Во Струга немаше победник а во Скопје „Скопје 2014“ беше убедлив против „Топ Гол“. Единствената победа на гостински терен ја остварија девојчињата на „Брера Тиверија“ на гостувањето кај „Вардар“.
Резултати од 11-тото коло
Речица – Кочани 6:1
Љуботен – Каменица Саса 2:1
Ас Јунајтед – Истатов 1:1
Скопје 2014 – Топ Гол 6:0
Вардар – Брера Тиверија 1:3

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
