ПАДНА ПРЕДЛОГ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА Т.Н. ЛЕЖЕЧКИ ПОЛИЦАЈЦИ

септември 13, 2023
0 минути

На 34. седница на Советот на Општина Кочани, советникот Гоце Марков даде предлог а советничката  Жаклина Свеќароска го поддржа истиот да во близина на објекти каде фреквенцијата на дечињата е голема да се најде начин за поставување на т.н. „лежечки полицајци“.

Кога ќе се направи анализа најпрвин „лежечките полицајци“ би се поставиле на улиците во близина на училиштата и детските градинки. Со нивното поставување несовесните возачи би ја намалувале брзината и со тоа би се обезбедила некоја поголема сигурност за дечињата.

Тоа како што дознаваме би бил првиот чекор а понатака би се  размислувало „лежечки полицајци“ да се постават и на улиците каде едноставно возачите лудуваат во брзото возење и сигурноста на сите други учесници во сообраќајот ја доведуваат во прашање.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ