Репрезентацијата на Македонија го освои првиот медал на Европското Првенство во борење кое се одржува во Загреб.
Во категоријата до 79 килограми Ахмад Магомедов го освои бронзениот медал откако беше подобар од Арман Авагјан од Ерменија совладувајќи го со 7:4.
Претходоно во репасажот Магомедов со убедливи 10:0 го совлада борачот на Шпанија Габриел Рамос.
Членот на БК „Спартак“ Расул Шапиев кој настапува во категоријата до 74 килограми се избори за репасаж а противник ќе му биде Храјар Алиханјан од Ерменија.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ