ФЕВРУАРСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ, СОБРАНИ 51 КРВНА ЕДИНИЦА

февруари 26, 2026
0 минути

Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани ја реализираше редовната февруарска крводарителска акција.


На акцијата крв даруваа 51 крводарител од кои 14 млади лица до 30 години и четворица првократни дарители.


Акцијата е втора што ја спроведува Црвен крст Кочани во тековната година и истата се одржа со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.


Граѓаните може да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани или секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина во кочанската болница.

Црвен крст Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ