Скопје беше домаќин на Пелј оф турнирот во карате каде најдобрите од секоја категорија обезбедија учество на Европското првенство во карате кое во месец Февруари ќе се одржи во Ларнака (Кипар).
Карате клубот „Партизан“ од Кочани на турнирот учествуваше со тројца свои каратисти кои седмица пред тоа обезбедија пласман за Плеј оф натпреварот на Изборното Државно првенство што се одржа во Гостивар.
Филип Стојанов го освои првото место во категоријата до 70 килограми и обезбеди учество на Европското Првенство. Мартина Шахинова настапи во категоријата до 68 килограми и со две победи и еден пораз мораше да се задоволи со второто место исто како и Ангел Стојанов кој со две победи и еден пораз заврши втор во категоријата до 75 килограми.
„Задоволни сме од сето она што го покажаа нашите членови како на Изборното Државно првенство така и денес на Плеј оф турнирот. На Филип му посакуваме успешен настап на Европското Првенство а на Мартина и Ангел им благодариме за достојното претставување на нашиот клуб. Одиме понатака“ рече Оливер Коцев еден од тренерите во Карате Клуб „Партизан“ од Кочани.
С. Ивановски