Членот на Карате Клубот „Партизан“ од Кочани Филип Стојанов како член на карате репрезентацијата на Македонија ќе учествува на престојното Европско Првенство за „Кадети Јуниори и У21“ што ке се одржи во Прага – Република Чешка од 17 до 19 јуни 2022 год.
Стојанов ќе настапи во категоријата „борби кадети“ до -63 кгр. категорија во која се пријавени 43 натпреварувачи од 43 држави од Европа сите прваци во таа категорија во своите држави.
Инаку, од Недела до Вторник Репрезентацијата ке биде на кратки подготовки во Дојран во Хотел „Истатов“ а веќе во Среда се патува за Прага.
Филип Стојанов на Европското Првенство ке настапи во Петок во попладневните часови.
С. Ивановски