На 15.02.2022 во Полициската станица Кочани бил повикан Т.М.(41) од Кочани бидејќи на 14.02.2022 во близина на семејната куќа во Кочани физички ја нападнал неговата 60- годишна мајка. По комплетирање на случајот против Т.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.02.2022 во 15.30 часот во ОВР-Кочани, 26 – годишна жена од кочанско село пријавила дека на 14.02.2022 околу 12.30 часот во Кочани била физички нападната од страна на нејзиниот сопруг Ф.В.. По комплетирање на случајот против Ф.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: Дневни билтени од СВР Штип