ФОРМИРАН ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД ПРИ ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ

март 10, 2026
1 минути

Денешниот  ден во ООУ „Никола Карев“ во Кочани беше одбележан со посебен настан. Имено, се случи официјалната промоција на „Извиднички Одред – Никола Карев“.

Одредот всушност работи како секција при ова основно училиште уште од септември 2025 годиниа, но сега се создадоа услови да се промовираат новите униформи и извиднички марами.

За почеток одредот брпи  25 активни членови кои веќе неколку месеци ги учат основните тајни на извидничкото движење. Под раководство на нивниот наставник по географија, Сашко Стефановски, тие успешно ги совладуваат предизвиците за врзување јазли, извидничка сигнализација, ориентација во природа, а имаат и неколку активности во планина.

Наредната активност е планирана за во недела, 15.03.2026 година, кога ќе земат учество на меморијалниот марш на Пониква „Ивона Антова и 63 ангели“.

Со тоа ООУ „Никола Карев“ – Кочани продолжува со традицијата да предничи во областа на планинарењето и екологијата на ниво на целата држава.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ