Главната депонија за која претпладнето добивме повеќе фотографии од наши сограѓани кои патуваа кон Пониква дека испушта густ чад повеќе не чади, таа сега и чади и гори.
Таква беше сликата попладнето некаде пред 16 часот.
Депонијата почна да гори и доколку надлежните не преземат посериозни мерки за нејзино угаснување ветерот може да го разгори огнот и да се случи она што никој не го посакува.
Празник е, но огнот не прашува дали е Нова година или е работен ден, одговорните во КЈП „Водовод“ мора веднаш да реагираат.
Се надеваме дека веќче се информирани и дека додека го пишуваме текстот тие веќе се на терен. Да се надеваме дека е така.
С. Ивановски