ГОЛЕМ ГЕСТ НА ПОЧИТУВАЊЕ ОД ЖФК „БАШКИМИ 2024“ КОН 59-ТЕ ЖРТВИ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ

март 29, 2025
0 минути

Голем гест на хуманост и почитување испрати екипата на ЖФК „Башкими 2024“ од Куманово кога по денешниот натпревар комплетно заминаа и пред „дискотеката на смртта“  „Пулс“ во Кочани положија цвеќе за сите загубени 59 животи.

Инаку „Башкими 2024“ денес во рамките на Кадетската лига за девојчиња и гостуваше на екипата на „Кочани“ кој натпревар беше одигран на фудбалскиот терен во Горни Подлог.

Гестот на комплетната екипа и на комплетниот Стручен штаб на ЖФК „Башкими 2024“ предводена од Претседателот Армент Дестани  е за поздравување а со овој гест тие испрати јасна порака дека „Нема добри и лоши народи, туку има само добри и лоши луѓе“.

Гест за поздравување и за градење на мостови на соживот.

Голема благодарност до Претседателот на ЖФК „Башкими 2024“ Армент Дестани за фотографиите.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ