Утринава тротоарот пред „Мултикултурниот Центар“ во Кочани осамна со нов гостин. Во вечерните или раните утрински часови се погрижил некоја наш „сограѓанин“ да си исчисти она што не му е потребно па веќе употребената машина за перење ја оставил онаму каде и не и местото.
Минатиот Совет на Општина Кочани има донесено одлука вакви цврсти предмети ако некој сака да ги исфрли слободно може да се јави во КЈП Водовод од каде ќе дојдат ќе го земат и бесплатно ќе го однесат на депонијата.
Но иако сите речиси знаат за ваквата одлука, малкумина не сакаат да се заморуваат туку едноставно сакаат да се изживуваат.
Па Господа, Ви се обраќам на вас од Општината и од Полицијата. Имате шанса сега да го пронајдете сторителот, да го казните за да им биде на сите лекција за во минатото.
Во близина на местото на настанот има објекти кои се заштитени со видео камери па доколку имате желба а и срце тоа да го направите можете да проверите.
С. Ивановски