ИГРАТА НА „ОСОГОВО“ И ПАЛЕЊЕТО НА СТРНИШТАТА НЕ МУ СЕ ДОПАДНАА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПАПАЗОВ

Во Спорт
февруари 23, 2022
0 минути

Стартот на првенството во Втора Фудбалска Лига – исток предизвика задоволителен интерес кај љубителите на фудбалот во Кочани. Западната трибина беше добро исполнета, додека мали групи имаше и на источната која беше огреана од февруарското сонце.

Објективот на нашиот апарат го улови и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов во друштво ма пријатели меѓи кои и член на УО на ФФМ. Со голем интерес го следеше натпреварот но и она што се случуваше подалеку од стадионот а тоа епалењето на стрништата.

Во еден момент Папазов го скри својот поглед со раката со што како да сакаше да каже дека не е задоволен и од играта на „Осогово“ но и од димната завеса која се движеше кон стадионот.

И двете реакции се на место бидејќи и едната и другата не беа за гледање.

С. Ивановски