ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОСТВАРИ ПРВАТА ПРИЕМНА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ

декември 14, 2021
0 min read

Денеска во просториите на општинската зграда, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ја оствари првата приемна средба со граѓаните на Општина Кочани.

Беа опфатени и дискутирани теми, проблематики и прашања во однос на инфраструктурата, комуналните работи, социјалната сфера и останати.

Ваквите приемни средби ќе се применуваат редовно и во иднина, односно секој вторник од 12 до 14 часот, додека за итни приеми секој работен ден од 7:30 до 9:00 часот.

Општина Кочани активно ќе се залага за брзо решавање на сите евидентирани проблеми во заедницата и ќе пружа максимална поддршка за граѓанските интереси.