„Три неработни дена и смет колку да сакаш во и околу контејнерите. Апелираме сметот од контејнерите да се собира секојдневно без разлика дали е викенд или празник бидејќи по ден до два стоење се чувствува непријатна миризба а и сликата не е убава особено ако се работи за центарот на градот каде фреквенцијата на луѓе е поголема од онаа на пооддалечените делови на градот“ беше дописот што ни го испратија наши сограѓани.
Како што наведуваат тие бараат секојдневно собирање на сметот а фотографиите кои ни ги испратија се направени во текот на денешниот ден и се пред големиот паркинг простор пред Трговскиот центар.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ