Жители од населбата „Усова чешма“ не информираат дека повеќето улици во нивната наслеба се без ниту една улична светилка што е добра база за „ноќните птици“ несметано да си работат по имотите, особено по оние чие сопственици се во странство. Како што истакнуваат во нивниот допис целта им е да ги информираат надлежните дека само на овие улици потполно се штеди додека на останатите барем свети по некоја улична светилка:
„Со дописот кој ви го испраќаме сакаме да ги информираме надлежните во општината дека повеќето улици во населбата Усова чешма се во целосен мрак. Ја разбираме намерата да се штеди сега кога струјата е многу поскапена но не на ваков начин, туку како и на другите улици. Има улици на кои преку еден или два од столбовите свети светилка и колку толку има видливост додека верувајте улиците Искра, Македонска, Мирче, Ацев, Руен, а и некои помали се во целосен мрак. Сето ова е причината некои жители од оваа населба да бидат мета на крадците кои добро ја следат состојбата, ги знаат домовите и дворовите каде населението живее во странство или има постари луѓе без машка заштита па често се случува да си влезат да си земат што им треба и да заминат. Надежта ни е дека некој преку овој допис ќе го слушне гласот на народот и дека ќе преземе активности да се запали барем по некоја светилка по улиците. Ако не е светлината од куќите некој што ќе дојде во овој дел од градот ќе помисли дека ова е крај на светот. Замолуваме навистина некој од општината да ни помогне и да не разбере дека ние не сме жители на градот само за време на кампањите и денот на гласањето, ние овде живееме и пред избори и после избори“.
С. Ивановски