ГРАЃАНИТЕ ПРАШУВААТ: КОЈ ДОЗВОЛИ ТРОТОАРОТ ДА СЕ КОРИСТИ КАКО ПРИВАТЕН ПАРКИНГ?

март 25, 2025
0 минути

Незадоволен од селективниот однос на одредени институции кон граѓаните деновиве добивме писмо од граѓанин со две готографии во кое што се вели:

„Извесен период кога одам на пазар во Стришани во очите ми боде паркирањето на возила на новиот тротоар кој се направи од наши пари и наместо да се користи како парк како што беше најавено сега се користи за паркирање на неколку возила. Проблемот е во тоа што некој дозволил наместо статични столбови да се постават столпчиња кои се користат за чување на паркинг простор. Во таа зграда мислам дека има триесетина станови а е дозволено само некои привилегирани да го користат тротоарот за паркинг простор. Сепак тоа е проблем што треба станарите да си го решат ако веќе некој дозволил одредени возила да се паркираат. Мене лично ми смета што тој простор се направи од пари на граѓаните за да го користат сите, за минување или за да седнат и да се одморат. Јас исто така живеам во зграда но не во оваа, па сакм да прашам дали и јас доколку своето возило го ставам на тротоарот пред мојата зграда ќе ми биде дозволено или пак ќе ми стигне некоја казна. Ја користам вашата страна на која се надевам дека одговор ќе дадат надлежните кој вие ќе го објавите. Благодарам за дадениот простор да се објави моето писмено укажување:.

Граѓанин од Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ