ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛО ГРДОВЦИ БАРААТ ПОД ИТНО ДА СЕ ЗАМЕНАТ СКИНАТИТЕ ДРЖАВНИ ЗНАМИЊА

април 2, 2024
0 минути

Како што ни пишуваат жители од селото Грдовци веќе подолг период ѕтите знамиња поставени на јарболот на сред село се искинати и дека подобро е да ги тргне некој отколку да бидат срам и за селото и за општината. Неколкупати апелирале да се заменат со нови но нивните апели до ден денес не вродиле со плод.

„Апелираме до надлежните во општината и до градоначалникот да дојдат и под итно ги тргнат знамињата на јарболот на сред село бидејќи навистина грозно изгледаат. Подолг период се веќе скинати и од нив висат само парчиња. Се надеваме дека во општината има средства да се купат и да се постават три нови државни знамиња. Ако не веруваат еве ви испраќаме две фотографии па нека самите се уверат дека ја зборуваме вистината“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ