ГРАЃАНИТЕ ВО ДИЛЕМА, ДАЛИ ОСВЕН ПЕШАЦИ МОСТОТ МОЖАТ ДА ГО КОРИСТАТ И ВОЗИЛА

октомври 9, 2022
0 минути

Пред неколку денови од Општина Кочани граѓаните преку медиумите беа информирани дека во градот се асфалтирани три мостови со што се заштитила арматурата од корозија а биле создадени и подобри услови за минувачите.

Сепак не е се така идеално како што е информирана јавноста. Имено мостот кај џамијата (Дути Ханум) кој досега се користеше само за минувачите сега граѓаните не знаат дали ќе го користат и возилата. Пред асфалтирањето на двете страни од мостот имаше поставено столбови кои не дозволуваа по него да минуваат возилата, а во сегашната состојба во каква што е, столбовите се отстранети и нема никакво обележје дека ќе се поставуваат.

Причина за загриженост е и што пред мостот нема поставено никаков знак за тоа кој ќе го користи, ниту за возилата ниту за минувачите.

Очигледно е дека работата не е завршена до крај, па за да не дојде до некои несакани последици одговорните ќе треба час поскоро да го решат овој проблем што самите тие го создадоа.

С. Ивановски