Попладнево гром предизвикал пожар на Пониква. Имено попладне гром удрил во дрво зад манастирот „Св. Василик“ од што истото се запалило.
Благовремена на интервенцијата на екипа од Територијалната Противпожарна Единица – Кочани огинот бил изгаснат и истиот не се проширил.
Во истовреме пожар избил и во селото Небојани. Се претпоставува дека од силниот ветер дошло до контакт на електричните жици по што избувнал пожарот.
Екипа на Територијалната Противпожарна Единица – Кочани навреме интервенирала и го изгаснала и овој пожар.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ