ПОЧНА „УКРАСУВАЊЕТО“ НА „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“ СО ПОЛИТИЧКИ ГРАФИТИ

октомври 11, 2023
0 минути

Денес, на еден од наголемите празници на Македонија, „Паркот на револуцијата“ во Кочани осамна со графити. Не почекаа да поминат ниту пет години а веќе графити почнаа да се поставуваат на плочникот.

Денес со црвена боја осамна паролата НЕПОКОР со додадени некакви  фигури кои не личат ама баш на ништо. И додека граѓаните на Кочани го полнат буџетот за да се направи нешто убаво со што ќе се гордее Кочани, поединци како слепи нечии послушници сето тоа убаво направеното преку ноќ го предварат во обичен кичерај.

Најмалку е важно кој и зошто ова го направил, но време е советниците во Советот на Општина Кочани да ги заборават партиските предрасуди и да почнат да работат во интерес на сите граѓани, но и за убавината на градот. Време е да изгласаат поставување на надзорни камери, а приказните дека со тоа некому му се нарушува приватноста нека ги заборават. Доколку пак мислат дека сето ова е во ред тогаш и тие господата советници ќе бидат соучесници на создавањето грдата слика на Кочани.

Почитувани советници,  ВРЕМЕ  Е.

С.  Ивноваки

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ