Еден од подобрите играчи на Виничкиот второлигаш во есенскиот дел од првенството во Втора Фудбалска Лига – Исток Христијан Митревски од денес не е повеќе член на „Слога 1934“.
Како што не информираат од хитот на есенскиот дел од сезоната Митревски побарал да си замине а од „Слога 1934“ не сакале да му прават проблеми па договорно ја прекинале соработката.
Нов клуб на Христијан Митревски според најавите треба да биде ГФК „Охрид“ член на Втора Фудбалска Лига – Запад.
С. Ивановски