ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО ВО ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

јуни 14, 2023
1 min read

ОК на ВМРО ДПМНЕ од Чешиново-Облешево во соработка со УЖ на ВМРО ДПМНЕ се приклучи во акцијата за собирање на хуманитарна помош за граѓаните на општина Делчево, кои беа погодени од големото невреме кое го зафати нивниот град. Членовите на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Чешиново-Облешево, и компании од оваа општина уште еднаш ја покажаа хуманоста на дело и во рамките на своите можности собраа материјали и продукти и се надеваат дека оваа помош ке им биде од корист на сите на кои им е потребна во овој момент.

Претседателите на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Чешиново-Облешево Јорданчо Костадинов и Иван Гоцевски од ОК на ВМРО ДПМНЕ Делчево, изразија голема благодарност за донациите кои се собраа и испратија силна порака за сплотеност на сите Македонци во светот.

ОК ВМРО  на ДПМНЕ  Чешиново-Облешево

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ