ПОТПИШАН ДОГОВО ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ОПРЕМУВАЊЕ НА МУЛТИКУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР“ – КОЧАНИ

септември 30, 2022
0 минути

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов го потпиша договорот за проектот наменет за опремување на Мултикутурниот Центар во Кочани, којшто е одобрен од страна на Бирото за регионален развој преку јавниот повик за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја, одржлив и урбан развој од Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година.

Преку проектот Мултикултурниот Центар во Кочани ќе се опреми со систем за греење, ладење и вентилација, што ќе придонесе користење на објектот во текот на целата година, како и ставање во функција на Мултикултурниот Центар на услуга на сите граѓани на Општина Кочани за одржување на културни манифестации, концерти, кино проекции, јавни трибини, работилници, семинари, презентации, промоции и сл.

Главна активност која ќе се резлизира со овој проект е набавка, транспорт и монтажа на систем за греење и ладење со современа инвертер технологија, како и енергертски ефикасен вентилационен систем.

Вкупниот проценет буџет на проектот е 3.174.200,00 од кои 2.515.490,00 се од Бирото за регионален развој, а остатокот е обезбеден од Буџетот на Општина Кочани.