Благојчо Коцев е петтиот играч кој во овој преоден рок го напушти второлигашот од Кочани. Коцев есеноска во „Осогово“ дојде од редовите на „Слога 1934“ од Виница, за да само по шест месеци повторно се врати во виничкиот второлигаш.
Од „Осогово“ остануваат на ставот дека кој не сака да остане а ги исполни условите слободно може да замине.
Сепак не е се така црно за кочанчани. Имено како што сме информирани управата е доста агилна во овие празнични денови, во преговори се со неколку играчи. Едни се нудат самите а додека некои се желба на Стручниот штаб.
Како сето ова ќе заврши ќе бидеме сведоци во овој зимски преоден рок кој само што започна а донесе многу промени кога е во прашање „Осогово“ од Кочани.
С. Ивановски