Ниту одговорните инспектори да излезат на терен, ниту одговорните од КЈП „Водовод“ да зуцнат нешто, никој, ама буквално никој не го интересира дали Главната депонија гори и чади и дали жителите на Кочани се гушат во чад.
Можеби за инспекторите е оправдано што не реагираат бидејќи не се сигурни дали од јануари оваа година им се покачија платите за 30% а од КЈП „Водовод“ по се изгледа поради недостаток на работници (само дваесетина нови по се изгледа почнаа на работа) не сакаат да се измачуваат во време додека уште се празнува.
Како и да е Главната депонија нон-стоп го зголемува својот чад кој повеќе очигледно е дека им смета на луѓето.
До кога вака пријатели ќе бидете незаинтересирани?
С. Ивановски