И ПО ПОВЕЌЕ ОД ДЕСЕТ ГОДИНИ ИДЕЈАТА РЕКА БРЕГАЛНИЦА ДА СТАНА ПЛОВНА НЕ Е РЕАЛИЗИРАНА

јуни 12, 2022
1 min read

И после повеќе од десет години една интересна идеја од големо значење за овој регион не е реализираna. Имено реката Брегалница уште не стана пловна река, туку напротив можеби е сега на одредени терени и во полоша состојба отколку пред повеќе од десет години.

Пред повеќе од десет години единаесетте градоначалници од Источниот плански регион постигнаа консензус околу идејата Брегалница да ја направат пловна река. Освен идејата на потегот од Виница до излезот на Штип да се возат помали пловни објекти идејата имаше и други содржини како што беа изградба на мали брани за наводнување, паркови и шеталишта покрај самата река, населување на редок пример птици ќе требаше да бидат донесени и оставени да се шетаат покрај реката, како и посебни патеки по кои ќе пловеа кајаци и чунови се со цел на реката во иднина да се организираа натпревари во кајак.

 

„Можеби ова некому ќе му заличи на утопија. Но, ние донесовме цврста одлука проектот да го реализираме во наредните четири години. Станува збор за простор во должина од педесетина километри. Брегалница низводно од браната Калимнаци тече низ територијата на општините: Виница, Кочани, Зрновци, Чешиново-Облешево, Карбинци и Штип“, изјави тогаш Ратко Димитровски, претседател на Собранието на Источниот плански регион и градоначалник на Кочани.

На состанокот на градоначалниците што тогаш се одржал во Берово како ургентни биле прифатени повеќе проекти од големо значење за регионот, nо сепак приоритет било дадено за регулација на реката Брегалница со сите нејзини содржини што таа може да ги понуди.

Покрај овој проект, главен за Советот, градоначалниците на 11-те општини утврдија уште шест приоритетни проекти: сообраќајна инфраструктура, туризам, органско земјоделско производство, искористување на биомасата, управување со цврстиот отпад и изградба на пречистителни станици. Но, и тие директно или индиректно се поврзани со Брегалница, која е крвотокот на регионот и без која тој не може да опстане. Изработката на студијата за нејзина регулација треба да заврши до крајот на септември. Таа ќе биде база на изработка на десетина проекти поврзани со реката, со кои потоа ќе аплицираме за средства“ гласеше тогаш изјавата на  Драгица Здравева, раководител на Центарот за развој на Источниот плански регион.

Иако уште тогаш приоритетот беше ставен на реката Брегалница кој поминува низ разни предели, преди се низ плодни полиња и низ нејзиното корито на годишно ниво беше проценето дека протекуваат двесте милиони кубни метри вода оваа интересна идеја и до ден денес не е не само реализирана туку речиси ниту започната ако се изземе изградбата на пречистителната станица кај село Мојанци.

С. Ивановски