И оваа вечер вработените во Територијалната Противпожарна Единица од Кочани не останаа мирни. По примената дојава веднаш заминаа на терен. И оваа „кутриот земјоделец“ ја играл игарат „пали и бегај“.
Запалено е повторно стрниште во нива во близината на Горни Подлог. Ветерот го разгорува огнот а противпожарната екипа некако не може со возилото да му се доближи за да го изгасне бидејќи околу самиот оган е се ниви кои се далеку од патот.
Пожарникарите сепак се присутни до самото место со цел оганот да не се прошири кон некои од објектите.
И вечерва пироманот „кутриот земјоделец“ запалил и побегнал од местото на настанот а грижата им ја оставил на оние за кои мисли дека се должни да стражарат и да не дозволат некоја катастрофа,
Помислуваат ли тие „кутри земјоделци“ дека и пожарникарите се луѓе и дека истите имаат семејства кои дома ги очекуваат да се вратат или приказната која останала уште од времето продолжуваат да ја пренесуваат од колено на колено, а таа е палење на стрништата.
С. Ивановски