И ВО ТРЕТИОТ ПОДГОТВИТЕЛЕН НАТПРЕВАР ОДИГРАН ВО КОЧАНИ „ОСОГОВО“ НЕ ПОБЕДИ

Во Спорт
август 6, 2025
1 минути

Во рамките од подготовките пред почетокот на натпреварите во Втора Фудбалска Лига, денес во Кочани „Осогово“ и „Каменица Саса“ одиграа натпревар без голови.

Ова е трет подготвителен натпревар одигран во Кочани во кој „Осогово“ не успеа да победи.

Ако во првото полувреме младите играчи на „Осогово“ и одиграа нешто, во вториот дел „ѕвездите“ не се прописно ниту испотија, играа без идеја и не создадоа ниту една прилика за гол.

Наспроти домаќините „рударите“ особено во второто полувреме играа доминантен фудбал, создадоа 4-5 прилики за гол но немаа расположен играч кој добрата игра и добрите напади ќе ги круниса со гол.

Следниот натпревар „Осогово“ го игра во сабота а ја поречкува екипата на „Детонит Плачковица“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ