Со одржаната прес конференција во Фоаје на НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани, денес и официјално започна чествувањето на 60-тото издание на ДАФ (Драмски Аматерски Фестивал) кој заедно со „Охридско лето“ и „Златното славејче“ е еден од трите фестивали кои шест децении постои на овие простори.
За самиот фестивал свое обраќање имаше Кристина Атанасова Арсова, а за програмата и претставите зборуваше Игор Џамбазов кој воедно беше и селектор на претставите.
Во пресрет на свеченото отворање на фестивалот кое е закажано за во 20:00 часот во „Паркот на Револуцијата“ со почеток во 18:00 часот ќе се одржи театарско-музички перформанс под мотото „Театарот е жив“.
По свеченото отворање во салата на НУЦК „Бели Мугри“ ќе биде изведена претставата „Синиот портокал“ во изведба на театарот Јордан Х.К. Џинот од Велес
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ