РОТАРИ КЛУБ „КОЧАНИ-ВИНИЦА“: ПРЕКУ ПРЕТСТАВАТА „ТУНЕЛ“ ЦЕЛТА Е ДА СЕ ФОРМИРА ДРАМСКА АКАДЕМИЈА ВО КОЧАНИ

април 28, 2023
1 минути

Во малата сала на „Мултикултурниот центар“ во Кочани, Ротари Клуб „Кочани – Виница“ одржа прес конференција на која присуствуваа актерите и режисерот на најновата претстава „Тунел„, Кристина Атанасовска Арсова.

„Целта на оваа средба е да ве информираме за активностите на Ротари клуб Кочани-Виница. Славиме десет години од постоењето и затоа презедовме низа активности. Една од тие активности што сакаме да ви ја презентираме е премиерата на театарска претстава. Станува збор за аматерска театарска претстава под покровителство на Ротари клуб Кочани-Виница во соработка со Општина Кочани, со фондацијата за Локален развој од Штип, Ротари клуб Штип. Решението да оформиме театарска претстава има една цел, а тоа е да се оформи Драмска академија во Кочани“ – изјави на почетокот на средбата Сашко Андонов, Претседател на Ротари клуб  „Кочани-Виница“.

„Пред извесно време имаше драмска претстава во нашиот град во која учествуваа актери од Штип и сите средства собрани од претставата се наменети за реализација на овој проект. Идејата е да ја подигнеме културата на повисоко ниво во нашиот град и да им помогнеме на младите надежни актери да ги остварат своите цели. Не сакам овде да ја откријам темата на претставата а таа е нешто што не засега сите во секојдневниот живот. Според она што го видов на пробите претставата е направена на едно високо ниво и се надевам дека во среда на 3 Мај сите ќе уживаме салата на „Бели Мугри во Кочани“  заклучи Андонов.

Режисерот на претставата „Тунел“ Кристина Атанасовска Арсова додаде: „ Ова е проект кој што произлезе од првичната соработка помеѓу Народниот театар од Штип, моите колеги актери со цел да ја подигнеме културата во градот. Нема да зборуваме за темата бидејќи сакаме да понудиме едно изненадување во среда на 3 Мај пред нашата публика. Нашата публика веќе подолго време нема гледано една ваква аматерска претстава  со наши млади надежни актери од градот. Решивме да ја испровоцираме публиката и да дојде да ја погледне претставата. Темата е актуелна и нẻ засега сите бидејќи секојдневно се соочуваме со неа. Претставата ќе земе учество и на Драмскиот аматерски фестивал кој ќе се одржи од 22 до 27 Мај а потоа истата да биде претставена и ширум Македонија“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ