СРЕБРЕН МЕДАЛ ЗА БОРАЧОТ НА „СПАРТАК“ НИКОЛА ПЕШЕВ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО ПЛОВДИВ

Во Спорт
јуни 21, 2026
0 минути

Од големиот меѓународен турнир во борење што се одржа во Пловдив (Бугарија) борачите на „Спартак“ – Кочани се враќаат со еден сребрен медал кој во мошне силната конкуренција и не е за потценување.

На турнирот во Пловдив БК „Спартак“ – Кочани  настапи со тројца натпреварувачи – Давид Златков, Максим Арсов и Никола Пешев кои во една мне силна конкуренција со учество од над 320 борачи од Грција, Бугарија, Молдавија, Турција и Македонија, достојно го претставија и клубот и државата.

Сепак најсветла точка од претставниците на Кочани беше настапот на Никола Пешев, кој со одлични борби преку целиот турнир и со огромна желба за победа на крајот го освои сребрениот медал.

„Горди сме на сите наши натпреварувачи за покажаното срце, дисциплина и спортски дух. Ова е уште една потврда дека трудот, посветеноста и упорноста носат резултати. Честитки за Давид, Максим и Никола, како и за тренерите и сите што се дел од успехот на Спартак“ порачаа од БК „Спартак“ – Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ