Тажна вест за љубителите на спортот, посебно на фудбалот во Кочани. Денес почина една од најголемите фудбалски легенди на Кочани, денес почина Славе Симеонов – Пикалски.
Да помине некој повеќе од седум децении во фудбалот со право може да се нарече ЛЕГЕНДА, е токму Славе Симеонов – Пикалски со право може да го понесе тој епитет, тој е ЛЕГЕНДА на фудбалско Кочани, а легендите вечно остануваат да живеат меѓу народот..
Колку ли се радуваше за прославата што се спремаше за следната година, 100 години фудбал во Кочани.
За жал не успеа да дочека да биде дел од прославата „Еден век фудбал во Кочани“.
Ќе биде запаметен како еден од тренерите која најдолг период помина во неговото и наше „Осогово“, а беше тренер и на ФЦХ (Кочани), „Напредок“ (Кочани), „Напредок“ (Пехчево), „Малеш“ (Берово), но кај и да одеше секогаш кога ќе имаше потреба се враќаше дома, се враќаше во „Осогово“ за да помогне.
Нашиот чичко Славе замина, но остави аманет да му се исполни желбата а тоа е „Осогово“ да напредува и да игра во повисоките рангови на натпревари.
Погребот ќе се изврши во Недела (07.05.2023 година) во 12:00 часот на „Градските гробишта“ во Кочани, а телото ќе биде изложено во капелата во 11:00 часот.
Вечна ти слава, голем човеку.
Вечна ти слава наша фудбалска Легендо.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ