IN MEMORIAM

септември 2, 2023
0 min read

Денес, по кратко боледување во осумдесеттата година од животот во Скопје почина Насе Насев.

Роден во Кочани 1943 година . Започнува со спорт да се занимава најпрвин во младинскиот тим на Фудбалскиот Клуб „Брана“ од Кочани, а две години по формирањето на Боречкиот Клуб „Спартак“ се вклучува во неговите редови, најпрвин како борач а подоцна и како тренер.

Набргу заминува во Скопје каде е назначен за селектор на Македонската репрезентација во борење – слободен стил. Подоцна застанува на селекторското место и на Југословенската репрезентација во слободен стил.

Во самостојна Македонија станува директор на Македонскиот Олимписки Комитет.

Годинава на 23 Јуни Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски го одликува со Медал за заслуги за Република Северна Македонија за траен белег на спортските терени и големиот придонес за афирмацијата македонскиот спорт и државата.

Нека му е вечна слава.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ