ПРЕКУ ЗАБАВА И ИГРА СО АНИМАТОРИ, ВО ОУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ПРВАЧИЊАТА ВНЕСЕНИ НА ПРВИОТ НИВНИ УЧИЛИШЕН ЧАС

септември 3, 2023
1 минути

Почитувани родители, драги првачиња, ученици и граѓани на општина Кочани.

Во оваа прилика како училиште сакаме да ви се заблагодариме пред се на довербата која ни ја пруживте ние како училиште бидеме оние кои ќе се грижиме, изучуваме и заеднички се радуваме на сите успеси кои се постигнати и допрва ќе се постигнуваат со сегашните ученици.

 

 

За нашите првачиња се потрудивме да обезбедиме подобри услови и адекватни за нивната возраст и затоа ги реновиравме просториите каде ќе учат нашите првачиња.

Правчињата преку забава и игра со аниматори ги внесовме во нивниот прв училишен ден а затоа сите добија златни медели изграфирани со нивните имиња бидејќи сите се победници.

Воедно од страна на Логомедика (дефектолошки и едукативен центар) им беа доделени и поклони со учишиен прибор кој ќе им послижи во образовниот процес.

На сите првачиња и ученици на територија на Општина Кочани и поскуваме среќна учебна година полна со успеси.

ООУ,,Никола Карев”-Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ