ИНИЦИЈАТИВА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ДЕПОНИЈАТА САМО ЗА ОПШТИНА КОЧАНИ

декември 15, 2025
1 минути

Добро е што иницијативите за заштита на населението се прифаќаат од надлежните во Општина кочани,  даваат резултат и тоа е за поздравување.

Порталот komarec.com.mk покренува иницијатива до Градоначалникот на Општина Кочани и до советниците на Општина Кочани се со цел да се заштити населението од заболувања кои со години им се сервираат од Градската депонија.

Градоначалникот кој е доста ценет лекар и знае што значи здравјето на луѓето го замолуваме со поддршка на советниците од општината да изградат свој став и мислење со цел Градската депонија во иднина да се користи само за потребата на жителите на Кочани.

Лагите дека општините Зрновци, Виница и Чешиново-Облешево ќе истураат смет се додека не се направи фабриката во Мечкуевци која според сите најави требаше да биде завршена оваа година завршија.

За жал таа фабрика која беше во фантазијата само на одредени поединци ниту некогаш беше започната, не пак оваа година да биде завршена, па така според планираното од минатите години каде ќе се депонира отпадот од Источниот плански регион сега паѓа во вода.

Ги замолуваме советниците во Општина Кочани да го отворат ова прашање, да бидат во постојан контакт со Градоначалникот и да побараат од надлежните, поточно од оние кои ни ги наметнаа трите општини  да ја повлечат минатогодишната одлука и секој да си го истоварува сметот на своја депонија во својата општина.

Нека тоа биде така во краен случај се додека од ветените сто милиони евра од Владата на Република Македонија кои се ветија на Општина Кочани на нова локација не се изгради фабриката слична на онаа што се веруваше во Мечкуевци.

Овде не треба да се бистри политика, овде треба под итно да се реагира бидејќи од ден на ден сите знаат како и колку се зголемува бројот на заболените.

За крај уште што треба да му се случи на Кочани за да некој сфати дека најважно од се е здравјето на луѓето.

Се надеваме дека иницијативата ќе биде прифатена бидејќи видовме дека оваа седмица слична иницијатива за заштита на луѓето беше прифатена од надлежните служби и по истата веднаш се реагираше.

Време за чекање немаме, реакција мора да има час побргу.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ