Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ а во соработка со издавачката куќа „Прозарт“, во вторник, 26 мај во 16 часот, во Мултикултурен центар ќе се реализира инклузивнен настан со промоција со присуство на авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко.
Ќе бидат промовирани сликовниците:
„ГОЛЕМИОТ СОН“, „ДРУГАРКО“ и „ДРУГАРКА, ДРУГАРКО И ДВЕ МАЧЕНЦА“
Авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко ќе зборува за сликовниците, а присутните ќе имаат можност да се запознаат со омилените ликови: ѕвездата Тина , Другарко, Другарка, мачињата Рони и Бони и уште многу други Другарки и Другари.
На промоцијата на сликовниците „Големиот сон“, „Другарко“ и „Другарка, Другарко и две маченца“, со илустрации на Наташа Костовска и Алексеј Костовски , ќе настапат ученици од повеќе училишта од Кочани:
* ООУ „Никола Карев“ – Кочани – со музичката композиција „Гуш и бац“
* ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани – со музичката композиција „Сите за еден, еден за сите“
* ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани со музичко-ритмичка точка
Промоцијата е со хуманитарен карактер, средствата од сликовниците (кои ќе бидат на продажба на самиот настан), издавачката куќа Прозарт соодветно ќе ги донира во Кочани.
ЈОУ Библиотека Искра
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
