Како што ни пишуваат наши читатели од неодамна на „Голема река“ во близина на водопадот е направен нов дрвен мост и туристите несметано можат да се движат од едниот до другиот крај на реката.

Истакнуваат дека овој мост е подобро направен од претходниот кој на почетокот на годината надојдените води го оштетија и го однесоа неколку метри подолу. Оштетениот мост уште се наоѓа во реката на двата краја , но е значително оштетен и не може да се користи.

Како и да е посетителите на ова туристичко место се задоволни од досега превземените активности од општината, конкретно за овој потег кој е дел од Браната „Гратче“..

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
