ИО „ЛАСТОВИЦА“ ГИ ЗАПОЧНА ПРОЛЕТНИТЕ АКТИВНОСТИ

мај 8, 2022
1 минути

Денес ИО „Ластовица“ од Кочани организираше еднодневна извидничка акција со што ја започна сезоната на пролетни активност.

Активностите се одржаа во м.в. Дабот во близина на село Бели до каде извидниците пристигнаа по пешачење од 1 час.

За жал сликата што таму ја затекнаа не беше ни малку пријатна, па со мала еко-акција се обидоа да ја поправат состојбата. Потоа следуваа вообичаените извиднички вештини, врзување јазли, поставување шатор и стрелање со лак и стрела.

Во активностите учествуваа 20 млади извидници, 4 извидници-истражувачи и 3 старешини.

Следната акција ќе се одржи наредниот викенд во м.в. „Гоцева Шума“, а потоа следува искачување на врвот Руен на Осоговските Планини.

ИО „Ластовица“