СЕ РАСЧИСТУВА РЕКАТА КАЈ БЕЛСКИ ДОЛ

август 3, 2026
0 минути

Од срцето на Осоговските Планини извира река која со години беше затрупана со отпад. Денес, наместо слика на негрижа, таму има механизација, работа и конкретна акција.

Општина Кочани, во соработка со КЈП „Водовод“ – Кочани, спроведува расчистување на речното корито кај Белски Дол, на околу еден километар од селото Бели. Со оваа акција се отстранува долгогодишно наталожениот отпад и се враќа природниот изглед на оваа локација.

Оваа река не е само водотек – таа е дел од природното богатство на Осоговијата и природен ресурс кој има значење за локалното население и за зачувувањето на целиот екосистем. Затоа, нејзината заштита е заедничка обврска и одговорност.

Продолжуваме по патот што го зацртавме – со конкретни активности на терен, со грижа за секој природен локалитет и со посветеност во создавањето почиста, поуредена и поздрава Општина Кочани.

Грижата за природата не завршува денес. Таа продолжува со секоја наредна активност и со одговорниот однос на сите нас кон местата што ги оставаме на идните генерации.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ