ЈОВА МАНЕВ ЌЕ ГО НОСИ БРОЈОТ 15 ВО „АДАНА ДЕМИРСПОР“

Во Спорт
август 6, 2022
0 минути

Утре (Недела) на програмата се уште три натпревари од фудбалската  Супер лигата на Турција која започна денес со воведни три натпревари. Сепак за нас вниманието го привлекува натпреварот „Гиресунспор“ – „Адана Демирспор“.

Имено од ова првенство за екипата на „Адана Демирспор“ настапува и Јован Манев кој преку Кочани и Штип стигна во Адана.

Како што објави денес порталот на „Адана Демирспор“, во новото првенство Јован Манев ќе го носи бројот 15.

На Јован Манев му посакуваме успешни настапи и сигурно место во стартниот состав на „Адана Демирспор“.

Среќно Јован

С. Ивановски