Со помош на механизација, денеска беше отстранет комуналниот отпад насобран околу контејнерите поставени на Пониква, на Осоговските Планини.

Вработени од КЈП „Водовод“ ги исчистија загадените површини на паркингот кај одморалиштето, кај манастирот „Св. Василиј Велики“ и во месноста Аеродром.

Комуналните служби продолжуваат со интензивни активности и во градското подрачје и во населени места од општина Кочани.
Инспекциските служби предупредуваат дека за несоодветно исфрлање на отпадот ќе следуваат соодветни казнени мерки

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
