Само што добивме неколку фотографии на кои јасно се гледа дека полињата повторно се во пламен. Како што наведува нашиот читател огнот е на влезот на селото Грдовци поточно во полето наречено „Амбарево“. Целата среќа како што истакнува тој е што во моментот ветерот дува во спротивна насока инаку лесно можеле првите куќи да бидат зафатени, но вака во опасност пак се доведува далноводот.
На другиот крај пак на селото на патот кон селото Горни Подлог во месноста „Гумењата“ на некој сопственик му изгорела балирачката и сеното а сето тоа предизвикано од запаленото стрниште.
Деновиве информирани сме дека земјоделците поточно оризопроизводителите најавуваат нов протест и блокирање на патот во Облешево, а дали во барањата кои ќе ги прочитаат освен повисока цена на оризот ќе побараат и неселективно палење на стрништата, односно да не се палат без присуство на обучени лица за евентуално спречување и ширење на пожарот, или како и досега само цената та цената.
С. Ивановски