Во текот на вчерашниот ден (Понеделник) Кочани беше домаќин на традиционалната географска средба во организација на ЗПГМ (Здружение на професори по географија на Македонија „Проф. Д-р. Љубе Миленковски“ од Скопје.)
На средбата присуствуваа околу 50 професори од целата држава. Работниот дел од средбата се одржа во кабинетот по географија во ОУ „Никола Карев“ каде беше одржано кратко предавање за безбедно движење во природа при реализирањето на практичната настава по географија.
Се дискутираше и за проблемите на кои наидуваат професорите по географија во наставата, почнувајќи од недостатокот на учебници и квалитетна стручна литература, како и неадекватниот третман на државата кон предметот географија.
Потоа, присутните имаа можност да го разгледаат централниот дел на градот Кочани и средбата да ја завршат со организирана географска вечер.