СО НЕРЕГИСТРИРАН МОТОЦИКЛ ИЗЛЕТАЛ ОД КОЛОВОЗОТ

јуни 3, 2022
0 минути

На 02.06.2022 во 15.10 во ОВР Кочани било пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“, мотоцикл „априлија“, без регистарски ознаки, управуван од В.К.(54) од Кочани, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата возачот на мотициклот се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетна сопатничка од Кочани се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани.

ИЗВОР:  Дневни билтени од МВР