ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ ПРЕД ПРВАТА ПОБЕДА ВО ПРВЕНСТВОТО

Во Спорт
септември 22, 2023
1 минути

Утре (Сабота) со почеток во 15:00 часот се играат натпреварите од шестото коло во Втора Фудбалска Лига.

Можеби ова е и последна шанса „Осогово“ да стигне и да се качи во последниот вагон од Второлигашкиот воз кој забрзано се движи. Петте кола мора да бидат заборавени и сите мисли и целата енергија да биде насочена кон саботниот противник од Струмица. „Жолто-синие“ секогаш тешко излегувале на крај со „беласица“, но кога победувале, тоа било со стил, зошто така да не биде и утре. Уште надежта постои дека кочанчани можат да изборат опстанок во лигата, но тоа мора да го направат само доколку играчите веруваат во себе, стручниот штаб да ја постави играта а сите единаесетмина и оние кои како замени ќе влезат во игра срцето да го остават на теренот. Само со таков пристап „жетварите“ ќе можат да се качат во последниот вагон, во спротивно, подобро да не се мисли на тоа.

Двојки од 06-тото коло:

„Осогово“ – „Беласица“

„Охрид“ – „Скопје“

„Аресими“ – „Вардар“ (Н)

„Пелистер“ – „Караорман“

„Беса“ – „Кожуф“

„Тетекс“ – „Детонит Плачковица“

„Башкими“ – „Каменица Саса“

„Победа“ – „Новаци“

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ