ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ И ЦРТЕЖИ „СВЕТОТ НА ПЧЕЛАТА“

мај 17, 2024
0 минути

Во организација на Пчеларско Здружение „Матица“ – Кочани, а со поддршка на Општина Кочани и НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани за во Понеделник (20 Мај 2024 година) со почеток во 12:00 часот закажана е Изложба на слики и цртежи насловена како „Светот на пчелата“.

Изложените слики и цртежи се дела на учениците од основните училишта во Општина  Кочани.

Изложбата ќе биде поставена на Западната тераса во НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ