ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ПОБЕДАТА ЗА „ОСОГОВО“ КАКО ИМПЕРАТИВ

Во Спорт
мај 17, 2024
1 минути

Со натпреварите од 30-тото коло кое е закажано за во Недела се спушта завесата на годинешното првенство во Втора Фудбалска Лига.

Ако пред последното коло се е познато на врвот (кои екипи се новите прволигаши а која екипа ќе игра бараж), на дното на табелата вистински хаос, освен веќе испаднатиот „Караорман“ четири екипи (Каменица Саса, Осогово, Тетекс и Победа) се во игра за испаѓање од лигата.

„Осогово“ во недела го игра натпреварот на сезоната, го пречекува „Пелистер“ кој е веќе прволигаш и овде ја бара својата шанса за победа која единствено го остава во второлигашката конкуренција. Играчите на „Осогово“ знаат што за нив, за клубот и за градот значат трите бода против „Пелистер“ и затоа најавуваат борба за секоја топка, но и бараат поддршка од својата верна публика за да на крајот од натпреварот сите заеднички се радуваат.

Време е трибините на стадионот „Никола Мантов“ да исполнат со што повеќе гледачи кои со своето навивање ќе им бидат „ветер во грб“ на „жолто сините“ се со цел да се дојде до посакуваната победа.

Време е да се покаже љубовта кон „Осогово“.

Двојки за 30-тото коло:

„Осогово“ – „Пелистер“

„Охрид“ – „Кожуф“

„Детонит Плачковица“ – „Караорман“

„Каменица Саса“ – „Вардар“ (Н)

„Новаци“ – „Скопје“

„Беласица“ – „Аресими“

„Победа“ – „Беса“

„Башкими“ – „Тетекс“

Натпреварите започнуваат во 17:00 часот

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ