Во минатите шест месеци ставката за репрезентации од градоначалникот во сметката на Општина Кочани е со износ нула денари. Вршителот на должноста градоначалник Венко Крстевски не потрошил ни денар за службени ручеци или слични трошоци, а нема користено ни службен телефон.
Општина Кочани е во стабилна финансиска состојба, со позитивно салдо. Почетниот износ на обврски, кој на 14 април оваа година бил 40.927.040 денари, денес е 14.557.289 денари. Сегашното салдо на општинската сметка е 24.022.692 денари.
Ликвидната сметка на Општина Кочани е резултат на домаќинско, рационално и одговорно работење со приоритет за инвестирање за подобрување на условите за живеење на граѓаните.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
